
ЕВН 6-6(3-2) Лукоил
ЕВН: Дарко Стоилевски 17’ 19’ 26’ 38’ Бојан Тодоровски 31’ Хамза Јашари 16’
Лукоил: Гоце Мојсоски 21’ 27’ Петар Лефков 17’ 33’ Андреј СИмоновски 17’ 24’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Лукоил, двете екипи настапија со цврста игра и одлично поставена одбрана. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпо на игра и се почесто се закануваа кон голот на противникот. Екипата на ЕВН го отвори резултатот со погодокот на Јашари во 17та минута, екипата на Лукоил веќе во следниот напад успеа да го израмни резултатот на 1-1. Во самиот финиш екипите имаа резултат од 2-2, но ЕВН во самата завршница успеа да реализира за минимално водство на полувремето од 3-2. Во второто полувреме екипите продолжија со егал натпревар, како одминуваше времето екипите ја отворија играта и се менуваа во водството, се играше гол за гол се до самата завршница на натпреварот. Во ваквата драматична завршница екипите не успеаа резултатски да се одвојат па на крајот од овој дуел при резултат од 6-6 екипите ги поделија бодовите.