Во егал натпревар Матрикс и Атлантик Груп ги поделија бодовите

Матрикс 5-5(1-1) Атлантик Груп

Матрикс: Драган Брњарчевски 29’ Тони Брњарчевски 22’ 24’ Даниел Боневски 22’ Виктор Петровски 11’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 31’ Благојче Јовчевски 33’ Љупчо Павковиќ 19’ Благојче Стојановски 25’ 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Атлантик Груп, двете екипи со сериозен пристап влегоа во овој натпревар. Екипата на Матрикс прва започна со поофанзивна игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот, ваквата игра на средината на полувремето им донесе предност од 1-0 со погодокот на Петровски. Ова дополнително ја мотивира екипата на Матрикс која продолжи со цврста игра и често доаѓаше до шанси за погодок но имаше слаба реализација. Екипата на Матрикс не успеа да реализира пенал што Атлантик Груп го казни на спротивната страна па со погодокот на Павковиќ во 19та минута успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Матрикс успеа да ја скрши одбраната на Атлантик Груп и со три погодоци во низа успеа да дојде до предност од 4-1. Екипата на Атлантик Груп ги консолидира своите редови и од минута во минута ја топеше резултатската негатива која во завршницата на овој натпревар дојде до само еден гол при резултат од 5-4. Во ваквата драматична завршница екипата на Атлантик Груп успеа да дојде до израмнување на резултатот на 5-5 па екипите ги поделија бодовите