Во егал натпревар полн со пресврти екипите на Стопанска Банка и ЕВН ги поделија бодовите

Стопанска Банка 6-6(4-3) ЕВН

Стопсанска Банка: Дарко Спасевски 7”, Кристијан Богдановски 18” 32” 34”, Горан Дековски 19” 20”
ЕВН: Дарко Стоилевски 5” 8” 23” 25”, Ѓорѓи Поповски 15”, Наум Бадаловски 37”

Со тимски изградена акција крунисана со маестрален гол во изведба на Стоилевски 5” екипата на ЕВН одлично го отвори натпреварот со екипата на Стопанска Банка. Но Стопанска Банка не губеше време и преку брз контра напад и гол во реализација на Спасевски 7” возврати за израмнување на 1-1. Во продолжение екипата на ЕВН наметна притисок во предно поле и со два гола во реализација на дуото Стоилевски – Поповски до 15” успеа да стигне до предност од 1-3. Во завршните две минути од првото полувреме дуото Дековски – Богдановски кај Стопанска Банка вешто искористија пад на концентрацијата во одбраната на ЕВН и со три погодоци во низа успеаа да направат целосен пресврт во корист на својата екипа, и со резултат 4-3 ја однесоа Стопанска Банка со гол предност на полувремето.
Во почетокот на второто полувреме ЕВН влезе мошне мотивирано и со висок пресинг и два гола в реализација на вечерва расположениот Стоилевски успеа повторно да дојде до предност од 4-5.
Екипата на Стопанска Банка не дозволи да подбадне под налетот на ЕВН, ја консолидира својата игра и со два гола во реализација на Богдановски до 34” повторно поведе со гол предност при резултат 6-5. По три минути игра Бадаловски кај ЕВН постигна гол од далечина за повторно израмнување на резултатот на 6-6, со што натпреварот влезе во егал завршница, ниту една од екипите не подпадна под нападите на противникот, па на крајот тимовите ги поделија бодовите.