
ЕЛЕМ 3-3(0-2) Халк Банка
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 22”, Душан Спасеновски 24”, Антонио Ничевски 36”
Халк Банка: Дејан Петкоски 9”, Алпер Тахир 11”, Тигран Кандикјан 28”
Со израмнети сили започна натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и Халк Банка. И двете екипи играа контролиран фудбал со внимателни проигрувања и акцент на играта во одбраната па така речиси десет минути мрежите останаа мирни и на двете страни. Во 9” екипата на Халк банка постигна гл во реализација на Петкоски за водство од 0-1. По неполни две минути на Петкоски му се приклучи и Тахир 12” со што Халк Банка дојде до водство од 0-2. Во тие моменти екипата на ЕЛЕМ заигра нешто по офанзивно, но Халк Банка успешно ги затвараше сите обиди упатени кон сопствениот гол и со то го задржаа водството на полувремето од 0-2.
Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ стави акцент играта во нападот вршејќи притисок во предно поле. Ваквата игра на ЕЛЕМ проследена со одлична реализација вроди со плод па така до 24” успеа да стигне до израмнување при резултат 2-2. По одлично искористен контра напад крунисан со гол во реализација на Кандикјан екипата на Халк Банка успеа повторно резултатски да се одвои со резултат 2-3, но екипата на ЕЛЕМ продолжи со пресинг по целиот терен па во таквата игра, во завршницата од овој дуел Ничевски кај ЕЛЕМ постигна гол за израмнување и конечен резултат 3-3.