
Алкалоид 12-7(4-3) Атлантик Груп
Алкалоид: Мирослав Миленковски 33’ Синиша Петровски 14’ Дарко Петровски 4’ 19’ 22’ Христијан Ангеловски 23’ 40’ Никола Спасовски 34’ 40’ Николче Дамјановски 20’ 40’ Крстијан Патров 26’
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 16’ Далибор Тасевски 37’ 38’ Благојче Јовчевски 35’ Љупчо Павковиќ 3’ 38’ Благојче Стојановски 12’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Алкалоид и Атлантик Груп, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој меч, кај двете екипи се играше со цврста одбрана и брз и офанзивен напад. Екипата на Атлантик Груп преку Павковиќ во 3та минута од полувремето успеа да го отвори резултатот, екипата на Алкалоид имаше брз одговор па преку Петрушевски во 4та минута успеа да го израмни резултатот. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се почесто се закануваа кон голот на противникот, до крајот на полувремето екипите се менуваа во водството но на паузата екипата на Алкалоид замина со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид прикажа одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството. Екипата на Атлантик Груп имаше одлични обиди но одбраната и голманот на Алкалоид беа на ниво на задачата и не се дозволуваа лесни погодоци. Во финишот на натпреварот екипата на Атлантик Груп имаше одлична шанса и дојде до намалување на негативата но немаше сили за целосен пресврт па на крајот од овој дуел Алкалоид славеше со 12-7.