Во ефикасен натпревар екипата на LC Waikiki славеше над Гранит

Гранит 8-10(3-5) LC Waikiki

Гранит: Николче Глигуровски 3’ 29’ 33’ Виктор Нацев 16’ 19’ 32’ 38’ 39’
LC Waikiki: Адмир Халилович 12’ 21’ 36’ 39’ Зекилија Елези 30’ Есер Сулејмани 4’ 10’ 13’ 18’ 23’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Гранит и LC Waikiki двете екипи во овој дуел влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на Гранит прва го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на Глигуровски, екипата на LC Waikiki брзо успеа да ја врати неизвесноста во натпреварот и со погодокот на Сулејмани успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипата на LC Waikiki го подигаше темпото на игра и почесто доаѓаше до отворени шанси за погодок. Ваквата игра им донесе предност од 3-5 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична игра се играше, екипата на LC Waikiki успеа да направи солидна предност од 4-8. Екипата на Гранит ги консолидира своите редови почна да ја топи резултатската разлика но немаше доволно сили за целосен пресврт па екипата на LC Waikiki на крајот од овој дуел славеше со 8-10.