
Киел 10-6(4-3) А1
Киел: Јовица Трпчевски 8’ Игор Савевски 21’ 23’ 27’ Трпче Сибиноски 31’ Перица Николовски 18’ Марио Спасиќ 11’ 20’ 29’ 39’
А1: Стефан Петровски 19’ Марко Недески 6’ 20’ Виктор Филиповски 30’ Давид Бачовски 32’ 34’
Динамично прво полувреме ни прикажаа екипите на Киел и А1, двете екипи настапија со отворена игра и многу обиди кон противничкиот гол. Екипата на А1 прва го отвори резултатот во 6та минута со погодокот на Недевски, но Киел имаше брз одговор и преку Михаловски успеа да израмни а кратко потоа и да дојде до целосен резултатски пресврт. Екипата на А1 со голман играч често доаѓаше до отворени шанси за гол но изостануваше силна завршница. До крајот на полувремето екипата на Киел успеа да ја одржи предноста од 1 погодок па на паузата замина со резултат од 4-3. Во второто полувреме се продолжи со отворена игра двете екипи имаа одлична реализација. Екипата на Киел со одлична реализација успеваше да ја одржи и зголеми резултатската предност. До крајот на натпреварот екипата на А1 атакуваше кон голот на противникот но не успеа резултатски да се врати па на крајот од овој меч Киел славеше со 10-6.