Тиквеш 5-15(2-6) Лукоил
Тиквеш: Делчо Кировски 26’ Александар Ристевски 39’ Илчо Пауновски 4’ 10’ 32’
Лукоил: Александар Ѓеорѓиевски 21’ 22’ 40’ Петар Лефков 10’ 18’ 29’ 36’ 40’ Димитар Иванов 1’ 16’ Андреј Симоновски 34’ Димче Андов 3’ 14’ 23’ 30’
Одличен стар за екипата на Лукоил во дуелот со Тиквеш, тие од самиот старт на натпреварот започнаа со офанзивна игра. Ваквата игра им донесе рано водство и предност од 0-2. Екипата на Тиквеш ги консолидираше своите редови и со два погодоци на Пауновски успеа да израмни на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Лукоил ја имаше контролата врз играта и резултатот од минута во минута ја зголемуваше предноста која на полувремето изнесуваше 2-6. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам, екипата на Тиквеш иако имаше неколку одлични погодоци не можеше да ја стигне резултатската негатива. Екипата на Лукоил со одлична реализација успеа да доминира во овој натпревар и да слави со 5-15.