Во ефикасен натпревар Окта славеше над МРТ

МРТ 2-12(2-6) Окта

МРТ:Мартин Фотевски 9’ Дарко Митковски 7’
Окта: Александар Јовчевски 3’ 8’ 30’ 32’ Владислав Илиќ 2’ Иван Димитриевски 24’ Бојан Станковиќ 25’ Иван Мицевски 14’ 15’ Бојан Тимевски 18’ 33’ 36’

Ефикасно прво полувреме и одличен почеток на екипата на Окта во дуелот со МРТ. Екипата на Окта прво го отвори резултатот и поведе со 0-1, ова рано водство и даде дополнителен мотив да продолжи со одличната игра па во 3та минута од полувремето зголеми на 0-2. Екипата на МРТ успеа преку Митков да возврати и да ја намали резултатската негатива на 1-2. До крајот на полувремето екипата на Окта ја имаше контролата врз играта и резултатот па на паузата замина со предност од 2-6. Во второто полувреме екипата на Окта продолжи со одлична игра и од минута во минута ја зголемуваше својата предност. Екипата на МРТ иако имаше неколку одлични шанси недостасуваше силна завршница. Екипата на МРТ не успеа да најде против игра за денес расположената Окта која на крајот од овој ефикасен меч славеше со 2-12.