Во ефикасен натпревар LC Waikiki славеше над Атлантик Груп

Атлантик Груп 6-10(2-5) LC Waikiki

Атлантик Груп:Далибор Тасевски 3’ Благојче Јовчевски 26’ 27’ Љупчо Павковиќ 22’ 25’ Благојче Стојановски 1’
LC Waikiki: Џемаил Рамадани 9’ Мустафа Мустафа 13’ 38’ Фуркан Фетаи 14’ 24’ 36’ Муаз Сулејмани 18’ 38’ 39’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и LC Waikiki, двете екипи во овој дуел започнаа со брза и отворена игра. Екипата на Атлантик Груп први го отворија резултатот и со два погодоци во раната фаза дојдоа до брза предност од 2-0. Екипата на LC Waikiki брзо одгвори па до 10та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2, а во 13та минута успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. До крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да стекне предност од 2-5 резултат со кој се замина на паузата. Екипата на Атлантик Груп успеа во второто полувреме резултатски да се врати во натпреварот и да дојде до повторно израмнување на 6-6 со што ја врати неизвесноста во натпреварот. Екипата на LC Waikiki во финишот успеа да ги искористи сите грешки на противникот и во самата завршница успеа да створи предност од 6-10 која им ги донесе бодовите.