
ЕВН 2-2(1-1) Макстил
ЕВН: Бојан Тодоровски 18’ Хамза Јашари 22’
Макстил: Мартин Блажевски 20’ Ридван Идризи 26’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Макстил, двете екипи од самиот почеток на овој натпревар настапија со отворена игра. Екипите со цврста одбрана и брзи контра напади се обидуваа да го изненадат противникот, но денеска голманите беа на ниво на задачата па не дозволуваа лесни погодоци. Екипата на ЕВН во 18та минута од полувремето успеа да го отвори резултатот преку Тодоровски но Леар имаше брз одговор па преку Блажевски успеа да израмни на 1-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕВН имаше одличне почеток и преку погодокот на Хамза Јашари успеа да дојде до повторно водство од 2-1. Екипата на Леар не дозволуваше на противникот резултатски да се одвои па преку Ритван успеа да израмни на 2-2 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со 2-2 ги поделија бодовоите.