Атлантик Груп 6-6(2-3) Матрикс
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 27’ Далибор Тасевски 20’ Благојче Јовчевски 21’ Љупчо Павковиќ 15’ 40’ Благојче Стојановски 34’
Матрикс: Драган Брњарчевски 18’ 19’ Тони Брњарчевски 33’ Даниел Боневски 7’ 31’ Дарко Ацкович 29
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Атлантик Груп и Матрикс двете екипи од самиот старт на натпреварот влегоа со офанзивна игра. Екипата на Матрикс прва го отвори резултатот со погодокот на Боневски во 7та минута од полувремето, екипата на Атлантик Груп имаше одлична шанса за израмнување на резултатот од белата точка но беше прецизна па мрешата на Матрикс мируваше. Во 14та минута од полувремето екипата на Атлантик Груп успеа да искористи празнина во одбраната на Матрикс и со погодокот на Павковиќ успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да изврши силен притисок во предно поле и да реализира за водство на полувремето од 2-3. Во второто полувреме двете екипи играа отворен фудбал и се менуваа во водството, на двете страни бевме сведоци на одлични погодоци. Екипите играа егал натпревар па од таму ниту една од екипите на успеа резултатски да се одвои. Во завршницата од овој натпревар екипата на Матрикс поведе со 5-6 и кога се чинеше дека се е завршено екипата на Атлантик Груп преку Павковиќ во последните секунди дојде до погодок за реми со резултат од 6-6.