Во инфаркт завршница Кромберг и Шуберт до победа во дуелот со Алма М

Алма М 4-6(1-2) Кромберг и Шуберт

Алма М: Мухамед Муртезани 9”, Ердин Ќаил 21”, Абдула Фера 33”, Берат Лимани 35”
Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 14”, Салим Сулејмани 19” 36” 39”, Фестим Балиќи 40” 40”

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Алма М и Кромберг и Шуберт, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој меч. Екипата на Алма М прва го отвори резултатот со погодокот на Муртезани во 9та минута, екипата на Кромберг и Шуберт во 14та минта успа да израмни на 1-1 со погодокот на Јовановиќ. Во завршницата на првото полувреме екипата на Кромберг и Шуберт успеа да поведе со 1-2 резултат со кој се замина на паузата.
Во второто полувреме екипата на Алма М успеа да дојде до повторно израмнување на резултатот со погодокот на Ќаил и атакуваше на целосен резултатски пресврт. Екипата на Кромберг и Шуберт успеваше одлично да ги одбие нападите на Алма М и со брзи контра напади да се заканува на спротивната страна. Екипата на Алма М беше упорна и со акцент на играта во нападот и одлична реализација на две минути до крајот на натпреварот дојде до предност од 4-3. Во тие моменти Кромберг и Шуберт притисна во предно поле и со три последувателни гола успеа повторно да направи пресврт и да дојде до предност од 4-6, резултат со кој заврши овој натопреварт.