Во инфаркт завршница Лукоил славеше над Макстил

Лукоил 6-4(2-0) Макстил

Лукоил: Горан Стојанов 19’ 38’ 39’ Петар Лефков 20’ 23’ 39’
Макстил: Неделковски Бојан 29’ Бојковски Бобан 21’ 27’ 40’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Лукоил и Макстил, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Двете екипи на теренот прикажаа цврста игра со многу додавања, ваквата игра донесе чести продори кон противничкиот гол но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во завршницата на полувремето екипата на Лукоил успеа да искористи играч повеќе по груп старт на екипата на Макстил и да поведе со 1-0 во 19та минута преку погодокот на Стојанов, на кој му се приклучи и Лефков за 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Макстил дојде до брза реализација со погодокот на Бојковски и дојде на само еден гол негатива. Екипата на Лукоил преку расположениот Лефков успеа повторно да ја зголеми својата предност, сепак екипата на Макстил беше силно мотивирана и не дозволуваше противникот резултатски да се одвои. Ваквата игра резултираше во крајно израмнет дуел и неизвесна завршница. Во ваквата инфаркт завршница екипата на Макстил во своите редови внесе голман играч со цел да дојде до резултатски прсврт но Лукоил со одлична игра ја осигура победата во овој дуел со резултат од 6-4.