Во инфаркт завршница Матрикс до победа во дуелот со Лукоил

Матрикс 4-3(1-3) Лукоил

Матрикс: Дарко Ацковиќ 15”, Драган Брњарчевски 25”, Тони Брњарчевски 37” 40”
Лукоил: Димче Андов 5”, Горан Стојанов 10”, Андреј Симоновски 20”

Одличен старт на натпреварот имаше екипата на Лукоил во дуелот со Матрикс. Натпреварот го отвори екипата на Лукоил во 5” со маестрален гол од волеј во реализација на Андов, со што Лукоил дојде до водство од 0-1. Матрикс прикажа тимска игра во делот на нападот но изостануваше реализацијата. Во 10” Лукоил преку Стојанов го зголеми водството на 0-2. По одлична интервенција и брза реакција на голманот Ацковиќ, кој со дофрлање преку целиот терен постигна гол, во 15та минута екипата на Матрикс се врати во натпреварот со резултат 1-2. Во завршните минути од првото полувреме, по изведување на фоаул, екипата на Лукоил, преку Симоновски 20”, го зголеми водството на 1-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи влегоа максимално мотивирано. Акцентот беше ставен цврстата игра во одбраната и тоа беше евидентно и според малкуте отворени обиди за шут кон птотивничкиот гол. Во ваквата игра екипата на Матрикс во 25” успеа да ја намали предноста на Лукоил и со гол во реализација на Д. Брњарчевски да стигне на само гол негатива при резултат 2-3. Наредните 10 минути се играше егал фудбал во кој силите беа буквално израмнети, но тоа се промени во 37” кога Т. Брњарчевски со гол за израмнување во полза на Матрикс, го внесе овој натпревар во неизвесна завршница. Буквално во последните 5 секунди од натпреварот, Т. Брњарчевски вешто искористи невнимание во одбраната на Лукоил и со гол преку поголем дел од теренот му донесе победа на Матрикс, конечен резултат 4-3.