Во инфаркт завршница Матрикс до победа над ЕВН

ЕВН 3-5(2-1) Матрикс

ЕВН: Вилијам Митев 14”, Дарко Стоилевски 16”, Наум Бадаловски 28”
Матрикс: Даниел Боневски 4” 26” 40”, Тони Брњарчевски 29”, Виктор Петровски 38”

Екипата на Матрикс одлично го отвори натрпеварот со ЕВН. Уште во раната фаза екипата на Матрикс преку Даниел Боневски 4” успеа да дојде до предност од 0-1. Во тие моменти екипата на ЕВН заигра по агресивно и со притисок во предно поле успеа да наметне висок ритам преку кој дојде до израмнување од 1-1 во реализација на Митев 14”. По не цели две минути игра ЕВН успеа да направи целосен пресврт и да дојде до водство од 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи играа егал натпревар. На двете страни нај изменично екипите се менуваа со водство. Во самиот финш при нерешен резултат екипата на Матрикс преку контра напад успеа да дојде до предност од еден гол. Екипата на ЕВН се обиде со голман-играч да се врати во натпреварот но Матрикс не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со 3-5.