Окта 6-6(3-2) Атлантик Груп
Окта: Живко Котевски 4”, Владислав Илиќ 7”, Александар Јовчевски 12” 28” 39”, Дарко Бојковски 29”
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 9” 35” 38”, Мирослав Тодоровски 11”, Благојче Јовчевски 30”, Благојче Стојановски 40”
Крајно израмнето прво полувреме изиграа екипите на Окта и Атлантик Груп. На самиот старт иницијативата ја имаше екипата на Окта која со два гола успеа да стекне ресзултатска предност од 2-0. Атлантик Груп во тие моменти успеа да направи притисок во предно поле и користејќи го Тодоровски како голман-играч стигна до израмент резултат од 2-2. Екипат на Окта преку Јовчевски успеа да дојде до предност од 3-2 во втората половина од првото полувреме. До крајнот на првото полувреме и двете екипи играа егал, ниедна не успеа да ја затресе мрежата на противничкиот гол па Окта на полувремето замина со гол предност од 3-2.
Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Окта целосно ја превзеде иницијативата. Имаше одлично поставена игра со која успеа да дојде до предност од 5-2. Екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и играше одлично, смирено во делот на нападот и со ваквата игра успеа да го израмни резултатот, со што се влезе во инфаркт завршница. Во ваквата завршница и двете екипи имаа еднакви шанси да дојдат до победата но на крајот и двете екипи ги поделија бодовите.