Фабрика Карпош 2-3(0-2) Окта
Фабрика Карпош: Никола Шишковски 39’ Филип Илиевски 26’
Окта: Живко Котевски 13’ Александар Јовчевски 2’ Иван Мицевски 40’
Одлично прво полувреме одиграа екипите на Фабрика Карпош и Окта, двете екипи од самиот старт влегоа силно мотивирани. Екипата на Окта прва го отвори резултатот со погодокот на Јовчевски во втората минута. Екипата на Фабрика Карпош иако имаше неколку одлични шанси во ова полувреме не успеа да реализира. Екипата на Окта ја искористи слабата реализација на противникот во првото полувреме па во 13та минута успеа да ја зголеми предноста на 0-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош успеа да ги консолидира своите редови и со погодокот на Илиевски успеа да намали на само еден гол негатива со резултат од 1-2. Како одминуваше времето екипата на Фабрика Карпош вршеше се посилен притисок кон голот на противникот а со цел да створи вишок во нападот во своите редови внесе и голман-играч. Екипата на Фабрика Карпош успеа да го израмни резултатот но Окта во последните минути успеа повторно да дојде до водство и да слави во овој натпревар со 2-3.