Во инфаркт завршница Шпаркасе Банка и Пивара Скопје ги поделија бодовите

Шпаркасе Банка 5-5(2-1) Пивара Скопје

Шпаркасе Банка: Филип Чижбановски 11’ 29’ 30’ 40’ Стефан Стојановски 16’
Пивара Скопје: Влатко Трковски 15’ 27’ 40’ Бобан Ристов 29’ Делчо Кировски 40’

Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Шпаркасе Банка и Пивара Скопје, се играше израмнет натпревар уште на самиот старт. И двете екипи максимално мотивирано пристапија кон натпреварот и целосно беа посветени пред се на играта во одбраната. На двете страни се играше доста цврста одбрана, во ваквата поставеност екипите тешко доаѓаа до отворена шанса за гол, Во текот на целото полувреме и двете екипи имаа малце отворени шутеви кон голот на противникот, па од тука и малиот број на голови на полувремето 2-1 во корист на Шпаркасе Банка. Во листата на стрелците кај Шпаркасе се запишаа Чижбановски 11та и Стојановски 16та додека пак кај Пивара Скопје реалзираше Трпковски во 15та минута. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, се играше израмнет натпревар гол за гол се до самиот финиш кога бевме сведоци на вистинска драма. Буквално во последните секунди од натпреварот и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол кој им донесе израмнет резултат и по еден бод за двете екипи. Крај 5-5