Фабрика Карпош – ГИМ 2-2(0-2) Халк Банка
Фабрика Карпош – ГИМ: Оливер Бошковски 24”, Лазар Божиновски 30”
Халк Банка: Алпер Тахир 6”, Мартин Дамевски 18”
Во првото полувреме екипата на Халк Банка прикажа одлична игра, играјќи смирено во делот на нападот со долги напади кои беа техничко-кактички одработени. Во 6” Халк Банка успеа преку Тахир да дојде до предност од 0-1. Екипата на Во исклучително возбудлив натпревар екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Халк Банка ги поделија бодовите. Се обиде со притисок во предно поле да направи резултатски пресврт но неуспеа па во самиот финиш од полувремето Дамевски со маестрален погодок, и донесе предност на Халк Банка од 0-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ заигра по агресивно и со притисок во предно поле успеа преку Бошковски 24” да намали на 1-2. Халк Банка имаше неколку отворени шанси за гол, но не успеа да ги реализира по што следеше одговор од екипата на Фабрика Карпош – ГИМ која во 30” преку Божиновски го израмни резултатот на 2-2. Во понатамошниот дел од натпреварот, иако се играше офанзивен фудбал, ниедна од екипите не успеа да постигне гол па на крајот од овој натпревар и двете екипи ги поделија бодовите.