
Халк Банка 6-6(4-2) LC Waikiki
Халк Банка: Дарко Крстевски 6’ 9’ Дејан Петкоски 18’ Апостол Ангелковски 37’ 38’ Лазе Серафимовски 16’
LC Waikiki: Ергин Алими 10’ 27’ Џемаил Рамадани 28’ Мустафа Мустафа 3’ Фуркан Фетаи 24” Адмир Халилкович 39’
Одличен почеток за екипата на LC Waikiki во дуелот со Халк Банка, тие уште во 3та минута успеаа да поведат со 0-1. Екипата на Халк Банка во 6та минута го возврати ударот и преку Крстевски успеа да израмни на 1-1, а во 9та минута успеаа да дојдат до целосен резултатски пресврт. Како одминуваше времето екипите се почесто се закануваа кон голот на противникот, екипата на Халк Банка до полувремето успеа да ја сочува предноста па на паузата замина со позитива од 4-2. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki ги консолидираше своите редови и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 4-5 во 28та минута што ја направи завршницата доста интересна. Во ваквата завршница двете екипи имаа одлични погодоци но ниту една не успеа резултатски да се одвои. На крајот овој натпревар заврши со реми преи резултат од 6-6.