
Атлантик Груп 4-4(2-2) Окта
Атлантик Груп: Бојан Петковски 8”, Далибор Тасевски 10” 27”, Мирослав Тодоровски 28”
Окта: Наум Костовски 9”, Живко Котевски 18”, Владислав Илиќ 23” 24”
Крајно израмнет натпревар одиграа екипите на Атлантик Груп и Окта. Во текот на целиот натпревар и двете екипи играа цврсто во одбраната обидувајќи се преку контра напади да дојдат до отворени шанси за гол. Екипата на Атлантик Груп го отвори натпреварот и преку Петковски дојде до водство од 1-0, но Костовски 9” кај Окта по неполна минута успеа да израмни на 1-1, по што следеше повторно офанзива на Атлантик Груп, овој пат во реализација на Тасевски 10” преку кој дојдоа до предност од 2-1. Оваа предност Атлантик Груп ја задржа се до самиот финиш од првото полувреме кога Окта преку Котевски израмни на 2-2, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме бевме сведоци на идентична слика. Практично во текот на целото второ полувреме се пресилка целото прво полувреме. И двете екипи најизменично се менуваа во водството. При резултат од 4-3 за Окта, Атлантик Груп преку Тодоровски 28” израмни на 4-4, резултат со кој заврши овој натпревар.