
Алма М 6-3(2-1) МРТ
Алма М: Мухамед Муртезани 15’ 16’ Бесир Абдула 34’ 35’ 39’ Зеќирја Биљали 37’
МРТ: Мартин Фотевски 27’ Александар Атанасов 10’ Денис Салкович 32’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Алма М и МРТ, двете екипи во овој дуел влегоа со цврста игре и одлично поставена одбрана. Екипата на МРТ го отвори резултатот во 10та минута со погодокот на Атанасов и поведе со 0-1. Екипата на Алма М по оваа негатива притисна во предно поле и со офанзивна игра често се закануваше кон голот на противникот што донесе резултат и израмнување, а веднаш потоа и целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Алма М имаше одлични шанси да го зголеми водството но МРТ не дозволи лесни погодоци па на паузата заминаа со резултат од 2-1. Во второто полувреме екипата на МРТ притисна кон голот на противникот па во 27та минута успеа да дојде до израмнување на 2-2 а во 32та успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. Екипата на Алма М во финишот на натпреварот со два погодоци на Абдула и еден на Зекири створи предност од два гола во завршницата. На крајот на овој дуел екипата на Алма М славеше со резултат од 6-3.