Во натпревар полн пресврти А1 славеше над Халк Банка

А1 4-3(2-2) Халк Банка

А1: Иван Митревски 4’ Марко Недевски 12’ 38’ Дамјан Бачовски 39’
Халк Банка: Дарко Крстевски 20’ Влатко Блажевски 37’ Ерсин Тахир 14’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на А1 и Халк Банка, двете екипи влегоа во натпреварот со цврста и отворена игра. Екипата на А1 прва го отвори резултатот со погодокот на Митревски во 4та минута и поведе со 1-0. Екипата на Халк Банка започна со поголем притисок кон голот на противникот, но заборави на одбраната па А1 успеа да зголеми на 2-0 во 14та минута со погодокот на Недевски. Екипата на Халк Банка ги консолидира своите редови и со погодоците на Тахир и Крстевски успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Халк Банка продолжи со силниот притисок и успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. Но екипата на А1 веќе во следниот напад успеа да дојде до повторно израмнување на 3-3. Во финишот на натпреварот екипата на А1 успеа да дојде до водство со погодокот на Бачовски, екипата на Халк Банка направи силен притисок кон голот на противникот но А1 одлично ја постави одбраната и не дозволи промена на резултатот па славеше со 4-3.