Во натпревар полн пресврти Гранит до бодовите над Транском

Гранит 5-4(3-3) Транском

Гранит: Николче Глигуровски 6’ 12’ Дарко Петров 23’ 37’ Мартин Фотевски 5’
Транском: Бојан Мирчевски 4’ Фисник Реџа 17’ Марко Недевски 12’ 34’

Одличен почеток за екипата на Транском во дуелот со Гранит, тие уште во раната фаза од полувремето во 4та минута успеаа да го изненадат противникот и преку Мирчевски поведоа со 0-1. Екипата на Гранит имаше брз одговор и веќе во следниот напад со погодок на Форевски успеаа да израмнат на 1-1, а потоа преку Глигуровски и да дојдат до целосен резултатски пресврт. Во 12та минута од полувремето екипата на Транском успеа да дојде до повторно израмнување со погодокот на Недевски. До крајот на првото полувреме двете екипи успеаа да постигнат по еден гол но ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Во второто полувреме екипата на Гранит успеа повторно да ја превземе предноста во 23та минута со погодокот на Петров, но Транском не дозволуваше противникот да има лесна задача па 34та минута успеа да дојде до повтроно израмнување на 4-4. Сепак екипата на Гранит со својата отворена игра во завршницата на натпреварот имаше одлична реализација и успеа да дојде до повторно водство, екипата на Транском иако имаше одлични шанси екипата на Гранит одлично ја постави својата одбрана не дозволи изненадување и на крајот од натпреварот славеше со 5-4.