Во натпревар полн пресврти екипата на ЕВН славеше над Bestway Solutions

ЕВН 4-2(1-2) Bestway Solutions

ЕВН: Дарко Стоилевски 11’ Вилијам Митев 39’ Бојан Тодоровски 23’ Хамза Јашари 26’
Bestway Solutions: Марко Неделковски 12’ Петар Стефановски 18’

Петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕВН и Bestway Solutions, двете екипи во овој натпревар влегоа со цврста игра и фокус ставен на одбраната. Екипата на ЕВН прва го отвори резултатот во 11та со погодокот на Стоилевски, екипата на Bestway Solutions веќе во следниот напад успеа да го израмни резултатот со погодокот на Неделковски и да ја врати резултатската неизвесност. Во финишот од полувремето екипата на Bestway Solutions со погодокот на Стефановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и на паузата да замине со предност од 1-2. Во второто полувреме екипите продолжија со цврста игра екипата на ЕВН направи неколку тактички измени во својот состав и со поофанзивна игра успеа да дојде до израмнување на резултатот во 26та минута од полувремето на 2-2. Кратко потоа екипата на ЕВН со погодокот на Јашари успеа да дојде до повторно водство. Ова ја примора екипта на Bestway Solutions во своите редови да внесе голман играч и со поотворен фудбал да се закани кон противничкиот гол, но ваквата отворена игра ја казни екипата на ЕВН преку Митев за победа од 4-2.