
ТАВ 5-6(4-3) Фабрика Карпош
ТАВ: Сабри Лесковица 12’ Алмир Имер 16’ 20’ 27’ Ивица Продановски 19’
Фабрика Карпош: Лазар Божиновски 14’ 24’ 35’ Виктор Јовановски 13’ 34’ Тони Котев 17’
14то коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ТАВ и Фабрика Карпош, двете екипи силно моривирани влегоа во овој меч. Екипте со цврста игра во одбраната и брзи контра напади се обидуваа да го изненадат противникот, но со одличната поставеност во одбраната и одличните интервенции на голманите мрежите мируваа. Екипата на ТАВ во 12та минута од полувремето преку одличниот поговок на Лесковица го отвори резултатот и поведе со 1-0. Екипата на Фабрика Карпош имаше брз одгвор и во 13та минута успеа да израмни со погодокот на Јованоски, и во истата минута со погодокот на Божиновски направи целосен резултатски пресврт па поведе со 1-2. До крајот на полувремето екипите се менуваа во водството но во завршницата екипата на ТАВ успеа да дојде до повторно водство па на паузата замина со предност од 4-3. Во второто полувреме екипите продолжија со одличната игра се менуваа во водството и ја држеа неизвесноста во натпреварот. Екипите до 34та минута играа рамноправно на теренот што се одрази на резултатот од 5-5 ова ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Фабрика Карпош успеа да искористи повеќе од своите шанси па на крајот од овој дуел славеше со 5-6.