Во натпревар полн со пресврти Корпа славеше над Стопнска Банка

Корпа 7-6(5-3) Стопанска Банка

Корпа: Мартин Анакиев 26’ Даниел Жерновски 17’ 18’ Кристијан Велковски 16’ 19’ Никола Спасовски 29’ Филип Тодоровски 16’
Стопанска Банка: Марко Ташков 30’ 39’ Дарко Симјановски 4’ 12’ 13’ 28’

Екипите на Корпа и Стопанска Банка одлично го започнаа овој натпревар, во високо темпо и со точни подавања екипите покажаа одлична игра уште од самиот старт на полувремето. Екипата на Стопанска Банка уште во раната фаза на полувремето со погодокот на Симјановски во 4та минута минута успеа да го изненади противничкиот голман и да поведе со 0-1. По оваа негатива екипата на Корпа притисна во предно поле користејќи го голманот како голман играч со цел да створи вишок во нападот и да дојде до изгледни шанси за погодок. Сепак со ваквата отворена игра екипата на Корпа остави празнини го одбраната кои Кропа преку вториот погодок на Симјановски успеа да ги искористи зазголемување на водството на 0-2. Екипата на Стопанска Банка имаше одлична серија и успеа да зголеми на 0-3, екипата на Корпа во во втората половина на полувремето ги консолидира своите редови и со погодоците на Велковски и Тодоровски успеа да дојде на само еден гол негатива, а во 17та минута со два погодци на Жерновски успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 5-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Корпа продолжи со одлична игра и ја зголеми својата предност на 6-3, екипата на Стопанска Банка притисна во предно поле и успеа да ја намали резултатската негатива. Екипата на Стопанска Банка имаше одлични обиди кон голот на Корпа но овие на голот го има Анакиев кој не само што успеа да одбрани одлични обиди на противникот, туку и успеа да реализра на спротивната страна. Во финишот од натпреварот екипата на Стопанска успеа да дојде до само еден гол негатива и ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во вавката драматична завршница екипата на Корпа успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој натпревар да слави со резултат од 7-6.