LC Waikiki 5-7(2-4) Нетцетера
LC Waikiki : Муас Салихи 15”, Фуркан Фетаи 16” 29” 32”, Есер Сулејмани 27”
Нетцетера: Мирослав Радиќ 5” 40”, Теодор Димитровски 11” 13” 15”, Филип Савевски 21”, Ѓорѓи Ристовски 36”
Натпреварот помеѓу екипите на LC Waikiki и Нетцетера преку Радиќ 5” кој преку одлично обрабодена акција успеа да го изненади голманот на LC Waikiki и да донесе предност на својот тим од 0-1. Екипата на LC Waikiki во првата половина од првото полувреме успеа успеа да постигне гол но имаше спорен момент по што судиското дуо Димитриевиќ – Недевски по преглед на снимката утврдија дека при постигувањето на голот е играно со рака, па истиот беше поништен. Во втората половина од првото полувреме кај Нетцетера проработе Димитровски кој со одлична реализација успеа да постигне два гола за водство на Нетцетера од 0-3. На6 минути пред крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да намали на 1-3 преку Салихи. Во 15” Димитровски кај Нетцетера искористи одбиена топка и со гол постигна хет трик и го зголеми водството на својот тим на 1-4, но за неполна минута преку брзо изграден контра напад Фетаи ја врати LC Waikiki во игра со гол за резултат 2-4, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на LC Waikiki ги консолидира своите редови и со одлична игра во реализација на Фетаи и Сулејмани успеа да направи исчекор во нападот со кој го израмни резултатот на 5-5. Во тие моменти екипата на Нетцетера со гол во реализација на Ристовски успеа повторно да дојде до водство со еден гол предност, при резултат 5-6. Во последните секунди од натпреварот Радиќ со гол ја запечати поибедата на Нетцетера со резултат 5-7.