Во натпревар полн со пресврт екипата на ЕЛЕМ славеше над Алма М

Алма М 2-3(2-2) ЕЛЕМ

Алма М: Мухамед Муртезани 16’ Идризи Сухејб 14’
ЕЛЕМ: Душан Спасеноски 3’ Тихомир Груевски 27’ Шкиприм Руфати 20’

Интересно прво полувреме прикажаа екипите на Алма М и ЕЛЕМ, двете екипи го започнаа дуелот со отворена игра и акцент ставен на нападот. Ваквата игра и донесе рано водство на екипата на ЕЛЕМ која преку Спасеноски во 3та минута успеа да поведе со 0-1. По ова рано водство на ЕЛЕМ екипата на Алма М ги консолидира своите редови и со одлична игра во предно поле успеа да дојде до целосен резултатски пресврт од 2-1. И кога се изгледаше како екипата на паузата дека ќе замине со минимална предност на сцената настапи Руфари кој израмни за 2-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа да ја искористи отворената игра на противникот и со лоб да го изненади противничкиот голман за повторно водство од 2-3. Како одминуваше времето темпото на игра се зголемуваше двете екипи имаа одлични шанси но екипата на ЕЛЕМ успеа да ја сочува предноста го издржи притисокот со играч помалкуи на крајот од овој дуел славеше со 2-3.