
Стопанска Банка 5-6(3-3) ВДЛ Ван Хоол
Стопанска Банка: Дарко Симјановски 6” 18”, Кристијан Богдановски 17” 30” 32”
ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 1” 14”, Живе Ѓорѓиевски 5”, Димче Андов 26” 37” 39”
Исклучително динамично и полно со пресврти прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и ВДЛ Ван Хоол. Прва до гол дојде екипата на ВДЛ Ван Хоол преку Трајковски 1”, на кој во 5” му се приклучи и Ѓорѓиевски за аводство на ВДЛ Ван Хоол од 0-2. Екипата на Стопансак Банка преку Симјановски 6” успеа да намали на 1-2. Потоа следеше офанзива на ВДЛ Ван Хоол кој повторно преку Трајковски 14” успеа да го зголеми водството на 3-1. Екипата на Стопанска Банка во тие моменти заигра по офанзивно и преку дуото Богдановски 17” – Симјановски 18” успеа да израмни на 3-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат егал натпревар. Се играше гол за гол и на двете страни. Екипата на Стопанска Банка во самиот финиш имаше предност од 5-4 но ВДЛ Ван Хоол успеа да израмни преку контра напад на 5-5 по што натпреварот влезе во драматична завршница. Екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа во самиот финиш преку Андов 39” да постигне гол за победа од 5-6.