Во натрпевар полн со пресврти Атлантик Груп ја совлада Нетвецера

Атлантик Груп 6-4(2-1) Нетцетера

Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 9”, Далибор Тасевски 11” 32” 33” 39”, Љупчо Павковиќ 40”
Нетцетера: Кирил Костов 18”, Филип Савевски 28”, Евгениј Костадинов 29”, Теодор Димитриевски 31”

Екипите на Атлантик Груп и Нетцетера на самиот старт играа крајно израмнет натпревар. На двете страни се играше максимално борбено во одбраната со добро организиран напад. Овој натпревар со гол го отвори екипата на Атлантик Груп. Голманот-играч Тодоровски успеа да го надмудри противничкиот голман и со рака од гол на гол да постигне евро-гол. Во понатамошниот дел од натпреварот Тасевски во 11” успеа да му донесе предност на Атлантик Груп од 0-2. По неколку минути игра екипата на Нетцетера со притисок во предно поле успеа да направи играч плус со што преку Костов 18” постигна гол и ја намали резултатската предност на Атлантик Груп на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Нетцетера успеа да направи целосен пресврт и да премине во водство. Атлантик Груп во тие моменти потпирајќи се на своето искуство заигра одлучно во делот на нападот и успеа да се врати во натпреварот преземајќи ја иницијативата и водството. Во последните минути од овој натпревар при резултат од 5-4 за Атлантик Груп, екипата на Нетцетера се обиде со голман играч да израмни. Атлантик Груп искористи грешка во додавањето кое беше во предната линија на екипата на Нетцетера, па со гол стави точка на овој натпревар и издвојува победа со конечен резултат 6-4.