Во нафташкото дерби Лукоил подобри од Окта

Окта 0-8(0-3) Лукоил

Лукоил: Александар Георгиевски 2’ 33’ Горан Стојанов 5’ Лоренцо Николовски 31’ 39’ Петар Лефков 7’ Димитар Иванов 36’ Андреј Симоновски 38’

Одличен почеток на екипата на Лукоил во дуелот со Окта, тие уште во раната фаза од полувремето тие со погодоците на Георгиевски Стојанов и Лефков до 7та минута од полувремето стигнаа до солидна предност од 0-3. Екипата на Окта се обиде да го искористи својот голман како голман играч со цел да створи вишок во нападот и да успеаа резултатски да се врати во овој натпревар но екипата на Лукоил одлично ги затвори приодите кон својот гол па екипата на Окта не успеа да го промени резултатот до полувремето. Во второто полувреме екипата на Окта го зголемуваше притисокот и темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на Лукоил но недостасуваше завршница во нивната акција. Екипата на Лукоил вешто ги искористи грешките на Окта и успеа да го зголеми своето водство со погодоците на Николовски и вториот погодок на голманот Георгиевски. Во финишот на натпреварот екипата на Лукоил успеа да го задржи високото темпо на игра и да слави во овој натпревар со 0-8.