Во неизвесен натпревар екипата на Транском славеше во дуелот со С.Ц. Борис Трајковски

Транском 4-3(1-0) С.Ц. Борис Трајковски

Транском: Вехарт Фера 20”, Јетмир Фера 30”, Бојан Мирчевски 40”, Маријо Јуканаев 40”
С.Ц. Борис Трајковски: Дарко Филимановски 38”, Владимир Мојсовски 39” 40”

Првото полувреме екипите на Транском и С.Ц. Борис Трајковски го започнаа во висок ритам со целосен акцента на играта во одбраната. И на двете страни се играше цврста одбрана. Во ваквата игра екипите тешко доаѓаа до отворена шанса за гол. Во текот на целото полувреме ниедна од екипите не успеа да додје до изгледна шанса за гол, се до самиот финиш кога екипата на Транском преку Фера успеа да поведе со 1-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи влегоа во отворен фудбал. Имаа очлична поставеност во делот на нападот. Неизвесноста во овој натпревар беше присутна во текот на целото второ полувреме, се играше гол за гол се до самиот крај кога екипата на Транском поведе со минимална гол предност и го доби овој натпревар со резултат 4-3.