Во неизвесен натпревар Матрикс подобри од Пивара Скопје

Матрикс 3-2(2-1) Пивара Скопје

Матрикс: Антонио Богдановски 7’ Ивица Алампиоски 37’ Предраг Стојмирович 19’
Пивара Скопје: Марко Магденовски 3’ Влатко Трпковски 36’

Возбудливо прво полувреме ни пиркажаа екипите на Матрикс и Пивара Скопје, двете екипи во овој натпревар влегоа жедни за победа. Екипата на Пивара Скопје го отвори резултатот во раната фаза од полувремето со погодокот на Магденоски од далечина во 3та минута. По ова рано водство на Пивара екипата на Матрикс ги консолидира своите редови и притисна кон противничкиот гол што им донесе израмнување во 7та минута со погодокот на Богдановски. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси за реализација, но екипата на Матрикс имаше подобра реализација со погодокот на Стојмировиќ па на паузата замина со еден гол предност од 2-1. Во второто полувреме и двете екипи играа уште поофанзивен фудбал и на двете страни приоритет беше играта во нападот. Во ваквиот отворен фудбал екипата на Пивара Скопје успеа да го израмни резултатот со што го зголеми притисокот врз екипата на Матрикс кој потпрен на своето искуство преку Алампиоски успеа да стекне гол предност од 3-2 практично во самиот финиш од натпреварот. Времето кое преостана за Пивара Скопје да го израмни резултатот беше кратко па Матрикс славеше во овој и успеа да ги однесе бодовите.