Во неизвесна борба до самиот финиш Темато до победа над Окта

Темато 7-6(3-2) Окта

Темато: Сеат Јакупи 5” 20” 30” 31” 36”, Фејзула Шабани 14”, Ирфан Растодaр 33”
Окта: Владислав Илиќ 8” 38”, Ворче Бојковски 11” 40”, Иван Мицевски 24”, Наум Костовски 39”

Натпреварот помеѓу екипите на Темато и Окта го отвори екиапта на Темато преку Јакупи 5” кој по тимски изградфена акција постигна гол за водство на својата екиап од 1-0. Екипата на Окта не подпадна под притисокот, ја консолидира својата игра, и до средината на првото полувреме со два гола во реализација на дуото Илиќ – Бојковски не само што израмни туку и го превзеде водството во натпреварот со резултат 1-2. Темато продолжи со одличната игра во делот на нападот и во продолжение до крајот на првото полувреме, со два гола во изведба на Шабани и Јакупи успеа повторно да го превзе водството при резултат 3-2, и со тоа на полувремето замина со гол предност.
Во второто полувреме екипата на Темато започна максимално сконцентрирана и мотивирана. Со одличната игра во предното поле проследена со беспрекорна реализација до 36” успеа да стигне до висока предност од 7-3. Во тие моменти екипата на Окта заигра изразено по офанзивна игра, тактички пристап кој вроди со плод па така во завршните минути од овој натпревар бевме сведоци на динамичен фудбал во кој и двете екипи давваа максимум од себе како би стигнале до победа. До крајот на натпреварот екипата на Окта стигна до само гол негатива, Темато успеа со сите сили да ја задржи предноста и на крајот славеше победа со резултат 6-7.