Во неизвесна завршница Гранит и Матрикс ги поделија бодовите

Гранит 4-4(3-4) Матрикс

Гранит: Мартин Ристовски 20’ 20’ Мартин Ќушкоски 10’ 36’
Матрикс: Ивица Алампиоски 7’ Давид Ристовски 4’ 15’ Тони Брњарчевски 1’

Одличен почеток на екипата на Матрикс во дуелот со Гранит, уште на самиот старт на полувремето во првата минута екипата на Матрикс успеа да го изненади противничкиот голман и да поведе со 0-1. Ова рано водство беше ветер во грбот на Матрикс за да продолжи со одлична игра и до 7та минута од полувремето да стекне предност од 0-3. Екипата на Гранит ги консолидира своите редови притисна кон противничкиот гол што им донесе резултат и намалување на разликата на 1-3. Во последната минута од полувремето двете екипи започнаа да играат отворен фудбал кој преку брзи контра напади и динамична игра и овозможи отворени удари кон голот. Екипата на Гранит ова го искористи да фати резултатски приклучок и со два гола во низа да се приближи на Матрикс, но искусниот Матрикс не дозволи целосен пресврт па на полувремето замина со минимална предност од 3-4. Во второто полувреме и двете екипи играа доста дефанзивно и затворено, во ваквата игра екипата на Матрикс успеваше да стигне до отворени удари до противничкиот гол но имаше слаба реализација. Во самиот финиш екипата на Гранит постигна гол за израмнување на 4-4 со што се влезе во крајно неизвесна завршница. Во ваквата завршница екипите не успеаа да реализираат па ги поделија бодовите со резултат од 4-4.