Во неизвесна завршница Корпа до победа над Леар

Корпа 5-4(1-1) Леар

Корпа: Анел Курт 3”, Никола Спасовски 24”, Кристијан Зелковски 26” 39”, Даниел Жерновски 40”
Леар: Робертино Златевски 17” 39”, Марјан Ѓорѓиевски 38” 40”

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Корпа и Леар. Во текот на целото прво полувреме се играше егал натпревар во кој и двете екипи играа цврста одбрана успешно затворајќи ги приодите кон сопствените голови. Прва до водство дојде екипата на Корпа преку Курт 3” кој преку одлично изработена акција успеа да му донесе водство на својот тим од 1-0. Екипата на Леар после 15 минути игра, изгради одличен конра напад со кој успеа да стигне до израмнување на 1-1 преку гол во реализација на Златевски 17”, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во почетокот на второто полувреме екипата на Kорпа ја превзеде иницијативата, особено во делот на нападот, и преку дуото Спасовски – Зелковски успеа да дојде до водство од 3-1. По ваквиот продор на Корпа, екипата на Леар ги консолидира своите редови и до 38-та мунута успеа да дојде до повторно израмнување со резултат 3-3 што го внесе овој натпревар во незнесна завршница. Во завршните минути од овој дуел екипата на Корапа успеа преку два погодоци во реализација на Злетовски 39” и Жерновски 40” повторно резултатски дада се одвои со резултат 5-3. Во самиот финиш од натпреварот екипата на корпа го намали водството на Корпа со гол од страна на Ѓорѓиевски 40” но тоа не беше доволно за престврт, па Корпа славеше побдеда со конешен резултат 5-4.