Атлантик Груп 7-9(4-3) Алма М
Атлантик Груп: Благојче Јовчевски 1”, Љупчо Павковиќ 9”, Сашко Тодоров 11”, Марко Вуиќ 15”, Благојче Стојановски 24” 39”, Далибор Тасевски 30”
Алма М: Абдула Фера 10” 12” 28” 34”, Беси Абдула 17” 28” 38”, Мухамед Муртезани 23”, Александар Таневски 32”
Екипата на Атлантик Груп во првата фаза од овој натпревар, буквално до првата минута успеа да дојде до предност на овој натпревар од 1-0. Овој гол им даде ветер во грб па по осум минути игра успеаа да ја зголемат предноста на 2-0. По ваквото водство екипата на Алма М успеа да ги консолидира своите редови и да намали на 2-1. Во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи влегоа во отворен фудбал. Се играше гол за гол. И двете екипи играа одлично во делот на нападот со што успеваа да изградат отворени шанси за гол. Екипата на Атлантик Груп не дозволи Алма М да го израмни резултатот па замина на полувремето со предност од еден гол при резултат 4-3.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со отворен фудбал. Екипата на Алма М успеа да направи целосен пресврт и да дојде до водство од три гола предност. Во тие моменти екипата на Атлантик Груп се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но Алма М не дозволи да ја загуби предноста па на крајот го доби овој натпревар со резултат 7-9.