
Корпа 12-8(5-4) Транском
Корпа: Даниел Жерновски 19’ 20’ 21’ 27’ 40’ Кристијан Велковски 2’ 18’ 22’ 31’ 40’ Никола Спасовски 19’ 26’
Транском: Фисник Реџа 30’ 34’ Керим Реџа 3’ 10’ 13’ 40’ Венхар Фера 20’ 36’
Екипите на Корпа и Транском одлично го започнаа првото полувреме, екипата на Корпа го отвори резултатот уште во втората минута со погодоот на Велковски, екипата на Транском имаше брз одговор и преку Реџа во 3та минута успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипите продолжуваа со одлична игра, екипата на Транском во 10та минута од полувремето со вториот погодокот на Реџа успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Сепак до крајот на полувремето екипата на Корпа успеа со одлична завршница и неколку погодоци во низа да дојде до повторно водство и на паузата да замине со предност од 5-4.. Во второто полувреме се продолжи со отворена игра екипаа на Корпа успеа да ја зголеми својата предност, но екипата на Транском не се откажуваше лесно и одлично парираше на противникот. Екипата на Корпа во завршницата на натпреварот го смири темпото на игра што Транском го искористи за резултатски да се доближи но немаа сили за целосен пресврт па екипата на Корпа славеше во овој натпревар со резултат од 12-8.