Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт до победа во дуелот со Glass LUX

Glass LUX 6-10(3-5) Кромберг & Шуберт

Glass LUX: Давид Блажевски 5” 20” 27” 28”, Далибор Костовски 18”, Мартин Трајановски 23”
Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 1” 22”, Иве Трифуновски 6” 11” 25” 33”, Никола Симоновски 12” 17” 38”, Горан Кузмановски 30”

Натпреварот помеѓу екипите на Glass LUX и Кромберг & Шуберт започна во брз ритам. Уште од самиот старт и двете екипи настапија со офанзивен фудбал ставајќи посебен акцент на играта во нападот. Мечот го отвори екипата на Кромберг & Шуберт со погодок преку Крстевски на самиот почеток од натпреварот во 1” со што му донесе водство на својот тим од 0-1. По одлично искористен контра напад Екипата на Glass LUX во 5” преку Блажевски го израмни резултатот на 1-1, но за неполна минута Кромберг & Шуберт повторно достигна водство со гол во реализација на Трифуновски. Во понатамошниот дел од првото полувреме дуото Трифуновски-Симоновски со два последувтелни гола го дуплира водството на Кромберг & Шуберт на 1-4. Ова ја присили екипата на Glass LUX да притисне во предно поле, па во таквата игра на на Кромберг & Шуберт голманот Симоновски искористи прилика и со дофрлање од гол до гол го зголеми водството на својот тим на 1-5. Притисокот во предно поле на екипата на Glass LUX вроди со плод во завршните минути од првото полувреме, па двете екипи заминаа на полувремето со резултат 3-5.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, играјќи отворен фудбал и на двете страни, проследен со бројни проигрувања. Во ваквата игра екипата на Glass LUX успеа да го дуплира бројот на погодоци постигнат во првото полувреме, но Кромберг & Шуберт останаа присебни, со одлична игра во делот на нападот лесно создаваа шанси кои прецизно ги реализираа, па така на крајот Кромберг & Шуберт славеше со конечен резултат од 6-10.