Во отворен фудбал Кромберг & Шуберт до победа над ТАВ

Кромберг & Шуберт 7-4(3-0) ТАВ

Кромберг & Шуберт: Александар Крстевски 19’ 38’ Пеце Наумовски 30’ Зоран талевски 22’ Никола Симоновски 32’ Момировски Игор 10’ Ралевски Благојче 14’
ТАВ: Седат Сали 34’ 36’ Сабри Лесковица 31’ 32’

Во брз и динамичен ритам започна натпреварот помеѓу екипите на Кромберг & Шуберт и ТАВ. Двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со отворен стил на игра често се закануваа ко противничкиот гол. Екипата на Кромберг & Шуберт прва го отвори резултатот и со погодокот на Момировски успеа да поведе со 1-0. По оваа негатива екипата на ТАВ користејќи го голманот како голман играч створи вишок во нападот и се почесто се неоѓаше пред голот на противникот но со ваквата отворена игра заборави на одбраната, што Кромберг & Шуберт преку Ралевски го искористи за зголемување на водството. До крајот на полувремето екипата на Кромберг & Шуберт ја зголеми предноста на 3-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Кромберг & Шуберт продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството кое до 30та минута изнесуваше високи 5-0. Екипата на ТАВ успеа да ги консолидира своите редови и преку Сали и Лесковица успеа да ја стопи резултатската негатива. Сепак екипата на Кромберг & Шуберт ја затегна играта во одбраната не ја прокоцка големата предност и на крајот славеше со 7-4