Во пеколен натпревар Матрикс славеше над ТАВ

Матрикс 6-1(2-1) ТАВ

Матрикс: Драган Брњарчевски 37’ Ивица Алампиоски 8’ 30’ 40’ Виктор Петровски 18’ Дарко Ацковиќ 27’
ТАВ: Седат Сали 18’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и ТАВ, двете екипи со отворена игра влегоа во ова прво полуврем. Екипите од самиот старт имаа одлични шанси за реализација но голманите имаа одличен почеток и не дозволуваа лесен погодок. Екипата на Матрикс прва успеа да го отвори резултатот во 7та минута од полувремето со погодокот на Алампиоски и успеа да поведе со 1-0, по ова водство на Матрикс екипата на ТАВ започна со нешто поофанзивна игра и се почесто доаѓаше до отворени шанси за погодок. Но екипата на Матрикс имаше подобра контрола врз топката и резултатот што се одрази на резултатот тие до полувремето успеаа да дојдат до предност од 2-1. Во втрото полувреме се продолжи со цврста и динамична игра двете екипи го оставија срцето на теренот, екипата на ТАВ иако имаше одлични продори изостануваше силна завршница што Матрикс умешно го искористи за зголемување на предноста на 4-1. Во завршницата на дуелот се играше со пеколно темпо на двете страни имаше исклучувања, а ваквата ситуација на теренот подобро ја искористи екипита на Матрикс која ја зголеми предноста и на крајот славеше со 6-1.