Во трилер натпревар Окта и Атлантик Груп ги поделија бодовите

Окта 5-5(2-1) Атлантик Груп

Окта : Наум Костовски 3”, Иван Димитриевски 10”, Владислав Илиќ 27, Живко Котевски 32, Бојан Станковиќ 35”
Атлантик Груп: Кристијан Филиповски 8” 27” 39”, Кире Митков 36”, Благојчо Стојановски 38”

Натпреварот помеѓу Окта и Атлантик Груп го отвори екипата на Окта во раната фаза од натпреварот кога преку Костовски 3” успеа да дојде до водство од 1-0, но екипата на Атлантик Груп, по кратка игра, преку Филиповски успеа да го израмни резултатот. Во средината на полувремето се играше крајно динамично. Во ваквата игра, одлична реализација имаше Димитровски кој во 10” и донесе предност на Окта од 2-1. И двете екипи ја зголемија агресивноста во делот на одбраната, играјќи цврсто и сконцентрирано. Со ваквата игра во останатиот дел од полувремето мрежичките мируваа, а полувремето се заврши со резултат од 2-1.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. Екипата на Окта влезе фуриозно и со одлична игра успеа да ја зголеми предноста на високи 5-2, но екипата на Атлантик Груп покажа карактер и со срце на терен, во последната фаза од натпреварот од минута во минута ја топеше предноста на Окта, па на крајот и двете екипи ги поделија бодовите