Во ферплеј натпревар Макстил подобар од Пивара Скопје

Макстил 3-1(2-0) Пивара Скопје

Макстил: Цветанчо Милошевски 4”, Бурхам Етемов 15” 33”,
Пивара Скопје: Делчо Кировски

Екипите на Макстил и Пивара Скопје во овој натпревар влегоа максимално мотивирано. Екипата на Пивара Скиопје натпреварот го започна во скратен состав, практично без помоиш од клупата. Макстил со притисок во предно поле и чести измени се обидуваше да наметне ритам како би можела да ја изненади екипата на Пивата Скопје. Ова им појде од рака во 4” кога преку Милошевски успеаа да поведат со 1-0. Екипата на Пивара Скопје со голман играч како што впрочем и го започна овој натпревар, се обидуваше да го изненади Макстил, но преку контра напад во 15” Етемов му донесе водство на Макстил од 2-0, резултат со кој се отиде на полувремето.

Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Се до средината на полувремето се играше цврста одбрана и на двете страни. Екипите вешто го затвораа приодот кон противничкиот гол но вечерва расположениот Етемов успеа да ја изненади одбраната на Пивара Скопје и во 33” го зголеми водство од 3-0. Во самиот финиш од натпреварот Кировски кај Пивара Скопје со одличен гол го намали резултатот на 3-1, резултат со кој заврши овој натпревар.