
Темато 12-3(6-0) Алма М
Темато: Шенон Идризовски 16’ 34’ 37’ Хамза Мустафа 33’ Исат Зеќировски 40’ Нермин Шаботиќ 2’ 20’ 26’ Фејзула Шабани 5’ 8’ 14’ 25’
Алма М: Абдула Фера 23’ Мухамед Муртезани 34’ Зеќирја Биљали 39’
Одличен старт за екипата на Темато во дуелот со Алма М, тие од самиот старт на натпреварот успеаа со брза реализација да дојдат до предност од 1-0. Екипата на Алма М се обиде со висока игра и силен притисок да дојде до израмнување но со вака отворената игра остави празнини во одбраната кои Темато вешто ги искористи за зголемување на резултатската предност. До крајот на полувремето екипата на Темато ја зголемуваше резултатската предност, екипата на Алма М не успеа да ја најде својата игра па на полувремето замина со негатива од 6-0. Во второто полувреме се продолжи со иста игра, екипата на Алма М се обидуваше да најде одговор за расположените Темато но без успех. Екипата на Темато одлично ја постави ивграта во одбраната а со брзи контра напади од минута во минута ја зголемуваа резултатската предност. Екипата на Алма М успеа да реализира но Темато не дозволуваше никакво изненадување. На крајот до овој дуел екипата на Темато славеше со резултат од 12-3. Натпреварот помина во знакот на фер плеј без ниту еден прекршок.