Кромберг и Шуберт 3-3(1-3) Атлантик Груп
Кромберг и Шуберт: Филип Јовановиќ 40’ Ристе Станковски 5’ Давид Денковски 33’
Атлантик Груп: Методија Пасков 13’ 16’ Далибор Тасевски 15’
Одличен почеток за екипаа на Кромберг и Шуберт во дуелот со Атлантик Груп, тие на самиот почеток на натпреварот во 5та минута успеаа да реализираат гол за водство од 1-0. Екипата на Атлантик Груп успеаа да ги консолидираат своите редов и во 13та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот а само две минути подоцна и до целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Атлантик Груп успеаа да ја зголемат предноста со погодокот на Пасков па на паузата заминаа со резултат од 1-3. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт започна со силен притисок во предно поле што им донесе намалување на резултатската негатива на 2-3. Како се ближеше крајот на натпреварот екипите го подигаа темпото на игра, во самиот финиш екипата на Атлантик Груп остана со играч помалце што Кромберг и Шуберт го искористи за да дојде израмнување на резултатот на 3-3 и поделба на бодовите.