
Макстил 3-3(2-2) Кромберг и Шуберт
Макстил: Лазев Мартин 15’ Бојковски Бобан 9’ 29’
Кромберг и Шуберт: Салим Сулејмани 3’ Стефан Арсовски 5’ Давид Денковски 34’
Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Кромберг и Шуберт, двете екипи силно мотивирани и со отворена и офанзивна игра влегоа во овој натпревар. Ваквата игра донесе рано водство за екипата на Кромберг и Шуберт која во 3та минута со погодокот на Сулејмани го отвори резултатот а две минути подоцна преку Арсовски зголеми на 0-2. По оваа негатива екипата на Макстил ги консолидира своите редови па преку Бојковски намали на 1-2, а преку пенал кој го изведе Лазев успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Кромберг и Шуберт внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот, ваквата отворена игра ја искористи Макстил за да поведе со 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Кромберг и Шуберт успеа да израмни на 3-3 и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па екипите ги поделија бодовите.