Во цврст натпревар Окта до победа над LC Waikiki

Окта 3-1(1-1) LC Waikiki

Окта: Иван Мицевски 9” 26”, Наум Костовски 38”
LC Waikiki: Мустафа Мустафа 12”

Меѓусебниот дуел екипите на Окта и LC Waikiki го започнаа мошне мотивирано. И двете екипи уште од самиот старт настапија максимално сконцентрирано, со голем акцент на играта во одбраната. Тоа на терен се одрази со брз вудбал во предно поле но, но одличната одбрана и на двете страни не дозволи да има реализација. Во ваквата игра прва до гол дојде екипата на Окта преку Мицевски во 9”. За неполни 2 минути Мустафа 12” кај LC Waikiki искористи грешка во одбраната на Окта и со шут од далечина постигна гол за израмнување на 1-1. Во продолжение на првото полувреме и двете екипи продолжија со егал игра и на полувреме заминаа со израмнет резултат.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија со фудбал во кој акцентот беше ставен на цврстата игра во одбраната. Иако не изостануваа добро изградени акции со обиди кон гол, одбраната и на двете страни одчилно ја вршеше својата работа па во таквата игра изостануваше реализацијата. Во 26” Екипата на Окта со втор гол во реализација на Мицевски дојде до водство од 2-1. Во понатамошниот дел од второто полувреме мирните мрежички на двата гола беа неми сведоци на беспрекорната игра во делот на дбраната и кај двете екипи. По цели 12 минути израмнета игра игра, екипата на Окта преку Костовски 38” постигна гол за водство од 3-1 и победа на овој натпревар.