Во цврст натпревар Рамстор подобри од Џонсон Мети

Џонсон Мети 1-4(0-1) Рамстор

Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 30’
Рамстор: Азрет Абаз 33’ Хурјет Шаќири 25’ Бурхан Сали 12’ 32’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Џонсон Мети и Рамстор двете екипи беа целосно фокусирани на одбраната, се играше цврсто на двете страни. Двете екипи не дозволуваа да се дојде до лесна шанса за гол, на двете страни се играше пресинг по целиот терен. Екипата на Рамстро преку Сали успеа да постигне гол од контра напад и на полувремето да замине со минимална предност од 0-1. Во второто полувреме уште на самиот старт екипата на Рамстор постигна гол што беше аларм за екипата на Џонсон Мети да се обиде со голман играч да се врати во натпреварот, но Рамстор не го дозволи тоа па го доби овој натпревар со 1-4.